За Македонија се интересирале автомобилски брендови

Bez autora
Sep 06 2012

Директорите на една јапонска и на две американски глобални компании, производители на автомобилски компоненти, се сретнале со македонската владина делегација и премиерот Никола Груевски во Детроит, соопшти владината прес-служба. Станува збор за компании кои произведуваат различни видови автомобилски делови и се познати добавувачи во автомобилскиот сектор во САД. Компаниите, како што информираат од Владата, го поздравиле проактивниот однос кој таа го има кон инвеститорите. Изразиле задоволство од условите за водење бизнис во Македонија, ниските даноци и конкурентната работна сила. Директорите на овие компании истакнале дека особено значење за нив имаат бенефициите кои ги нуди Македонија во технолошко-индустриските развојни зони, имајќи предвид дека нивните производи во целост би се извезувале во другите земји во Европа.

За Македонија се интересирале автомобилски брендовиДиректорите на една јапонска и на две американски глобални компании, производители на автомобилски компоненти, се сретнале со македонската владина делегација и премиерот Никола Груевски во Детроит, соопшти владината прес-служба.

Станува збор за компании кои произведуваат различни видови автомобилски делови и се познати добавувачи во автомобилскиот сектор во САД.

Компаниите, како што информираат од Владата, го поздравиле проактивниот однос кој таа го има кон инвеститорите. Изразиле задоволство од условите за водење бизнис во Македонија, ниските даноци и конкурентната работна сила. Директорите на овие компании истакнале дека особено значење за нив имаат бенефициите кои ги нуди Македонија во технолошко-индустриските развојни зони, имајќи предвид дека нивните производи во целост би се извезувале во другите земји во Европа.

Груевски на средбите ја потенцирал подготвеноста на Владата за поддршка на инвеститорите во процесот на носење на нивната финална одлука. Тој истакнал дека стабилната економија, пакетот кој го нуди државата за поддршка на инвеститорите, либерализираната трговија со сите земји од континентот Европа и пошироко, се добра гаранција дека инвеститорите кои ќе одлучат за инвестиции во земјава можат да очекуваат развивање на својот бизнис. Премиерот потенцирал дека и во време на најголем обем на европска должничка криза, Владата успева да обезбеди стабилност и да стане привлечна дестинација за странски инвестиции, за што говореле досегашните интензивни посети на странски реномирани компании, кои во голем дел биле расположени и стартувале со бизнис во државата.

Премиерот истакнал дека со најавената посета на Македонија на претставниците од компаниите, ќе се интензивираат комуникациите кои ќе овозможат и реализирање на конкретни бизнис-проекти.

Владината делегација, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, продолжува во Атланта, Џорџија, каде што се одржува презентација на инвестициските потенцијали под наслов „Македонија - европска земја на можности“ пред многубројни корпорации и инвеститори од Атланта и околината. Делегацијата треба да оствари и поединечни средби со претставници на заинтересирани компании потенцијални инвеститори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik